Барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за мислење за поништувањето на владиното решение за назначување на нов началник на СВР Тетово е отфрлено на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК посочи дека случајот е во надлежност на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Чулев бараше ДИК да ја оцени законитоста на актот за поништување на решението за именување на Гоце Јанкулоски за началник на СВР Тетово.