Министерката за правда, Рената Дескоска се обрати на денешната конференција за министри за правда во Советот на Европа која се одржува во организација на француското претседателство. Темата на конференцијата за министрите за правда е „Дигиталните предизвици за правдата во Европа“, а министерката Дескоска се обрати на првата сесија на која се дискутираше за „Пристап до законот и правдата во дигиталната ера“.

– Воведен е Автоматизиран систем за за управување со предмети во судовите (АКМИС), кој се надевам дека во блиска иднина постепено ќе се воведе и во Јавното обвинителство. Дигитализацијата може и да ја зголеми ефикасноста на судството преку овозможување на електронска достава на поднесоци до судовите, електронска комуникација со адвокатите и странките во судовите – потенцираше министерката Дескоска.

Министерката за правда истакна и дека во судовите постепено се имплементира опрема за аудио снимање на судските рочишта, како и систем за аудио-видео снимање на сослушувањата во јавното обвинителство.

На крајот на своето обраќање, министерката упати порака во Советот на Европа во пресрет на одлуката за отпочнување на преговори со Македонија.

– Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ. Таа одлука ќе го забрза темпото на реформите во правосудството – рече Дескоска.