Да се вратам во образование нема. Сепак не сум јас Никола Тодоров да ги шетам сите ресори, рече министерката за правда, Рената Дескоска, во изјава за медиумите.

-Дали ќе го напуштам Министерството за правда, не знам. Мојот пат е одење напред. Единствено место каде што можам да се вратам е Правниот факултет- порача Дескоска пред новинарите.

Ваквата изјава на министерката за правда следува по најавата на премиерот, Зоран Заев, дека по претседателските избори ќе следи чистка на функционери на високи владини и јавни функции, кои не доволно добро ја извршувале својата работа.