Ги поддржуваме граѓаните во нивните барања за враќање на довербата во правосудството, но заради почитување на принципите на немешање во судската власт, информираме дека министерката за правда нема да учествува на денешниот марш, соошти Министерството за правда, чиј ресор го води Рената Дескоска.

Во Скопје се одржува „Маршот за правда“ во организација на владејачкиот СДСМ. Граѓанскиот марш започна пред Собранието на Република Македонија, од каде насобраните граѓани предводени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, членови на партијата и коалиционите партии носејќи транспаренти се упатија пред комплексот судови во Скопје, каде свое обраќање ќе има и Заев.Како што најавија од партијата, маршот под мотото „Чекориме за правда“ се одржува со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.