Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија „Дермалог“ на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст.
Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати. Во ДИК во тек е и јавна набавка за апликација за текот на гласање и за првични и неофицијални резултати од изборите.

Даштевски појасни дека врз основа на тоа што го видел од извештајот на Комисијата, таа компанија ги исполнила условите, имала најдобра понуда, и најдобри апарати.

Рокот за достава на техничката опрема, како што информираше тој, е 60 дена, има време до крај на септември да стигне опремата.

Локалните избори во земјата е предвидено да се одржат во втората половина на октомври.