Депонијата Русино ќе се санира од март, а надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина. На координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, општината и Јавното комунално претпријатие во Гостивар, како и Регионалното претпријатие за управување со отпад формирано од сите општини во Полошкиот регион, се договорија следните активности:Интервентните мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Изведбата на овие мерки и самиот надзор ќе започнат во текот на месец март.Пред да отпочнат работите, Инспекторатот ќе ја добие на увид проектната документација и динамичкиот план за реализација на активностите, за соодветно да се планираат редовните и вонредните надзори.

Координирана акција на државни и локални инспектори за мапирање на ѓубриштата, по што градоначалниците на општините во Полошкиот регион ќе добијат известување од Инспекторатот за да организираат чистење во согласност со закон. Државниот инспекторат за животна средина константно ќе има комуникација и со претставници на иницијативата „Стоп Русино“ со цел соработка и размена на информации со граѓаните околу начинот и резултатите од спроведувањето на надзорот.