Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност, утре попладне, во текот на ноќта и во вторник, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен прав