Денешниот ден 1-ви јуни е означен како Меѓународен ден за заштита на детето. Од Министерството за труд и социјална политика го честитаат денот и ги потврдуваат заложбите дека за нив секое дете ни е важно.

– МТСП продолжува посветено да работи на намалување на детската сиромаштија, обезбедување еднакви шанси за секое дете, и подобри услови за живот и ран детски развој во Северна Македонија. Со социјалната реформа опфатот на деца до детски и образовен додаток го зголемуваме за 20 пати. Нашата цел е да ја намалиме детската сиромаштија којашто во моментот изнесува околу 30 проценти. Истовремено мобилни тимови веќе работат со децата на улица и нивните семејства за нивно вклучување во образовниот процес и на подигање на свеста за вакцинација – велат од МТСП.

Оттука велат дека за да се превенираат сите форми на на насилство врз децата вклучувајќи го и запоставувањето, Северна Македонија е првата земја во регионот којашто вовела индикатори за препознавање на деца жртви на насилство.

– Децата се нашата иднина, нашиот непроценлив човечки капитал. Како одговорна Влада којашто во секое дете гледа потенцијал продолжуваме посветено да инвестираме и да се грижиме – велат од МТСП.