Демократскиот сојуз предлага одложување на пописот поради влошувањето на епидемиолошката состојба.

Од партијата велат дека голем е бројот на заразени, здравствените капацитети се исполнети, со имунизацијата се доцни (нема вакцини), а иселениците, Македонци досега не се попишаа, како што велат, голем број на граѓани најавуваат дека нема да ги примат попишувачите во своите домови, опозициските партии од македонскиот блок бараат одложување или негово бојкотирање.

– Прво, пописот да се одложи најмалку до месец Јуни или на неопределено време. Второ, да се обезбеди политички консензус за времето на одржување на истиот. Трето, во меѓувреме попишувачите да се вакцинираат – рече претседателот на партијата, Павле Трајанов.

Според него, сето ова укажува дека пописот нема да биде успешен, а резултатите ќе дадат искривена слика на состојбите, посебно на оние за вкупниот број на населението и нивната етничка припадност.

– Затоа предлагаме Владата да направи анализа на состојбите и донесе одлука за одложување на пописот и предложи Парламентот да донесе Закон за одложување на истиот. Инаку сигурни сме во тоа дека пописот е значајна статистичка операција, и за успешно завршување на истата неопходен е граѓански и политички консензус – порачаа од Демократскиот сојуз.