По повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија составена од Исмет Рамадани, надворешен соработник за НАТО прашања и Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана, денеска оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот на партизанските гробишта во Скопје.

делегација цвеке гробишта

Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата оддаде почит и положи венци цвеќе и пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михајло Апостолски.