Денеска во 9.30 часот во конференциската салата на Факултетот за безбедност-Скопје ќе се одржи дебата на тема „Безбедноста на домот-преку превенција на новите закани и безбедносни ризици”.

На стручната дебата ќе говорат претседателката на Комората на Македонија Верица Милеска Стефановска, деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски, проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Марјан Ѓуровски, Тони Јакимовски од МВР, професорите д-р Александра Деаноска Трендафиловска од Правниот факултет-Скопје, д-р Весна Стефановска и д-р Саше Герасимоски од Факултетот за безбедност-Скопје и м-р Сања Керметчиева, генерален секретар на Комората на Македонија за приватно обезбедување.

На тркалезната маса од повеќе аспекти ќе се говори како преку превенција на новите закани и безбедносни ризици може да се зголеми безбедноста на домот и личната безбедност на секој поединец и семејствот и за значењето на примената на концептот на јавното-приватно партнерство во обезбедувањето на имоти и лица.

Преку подигање на свеста кај граѓаните и навремето преземање на мерки и активности ќе се подигне важноста и одговорноста за безбедноста на домот, пред се третирајќи ја од перспектива на правилна превенција и превземање на соодветни активности и мерки за гарантирање на максимална безбедност на домот и семејството.