Дебата за изнаоѓање конечно решение на проблемот со отпадот од пестицидот линдан во поранешната фабрика „Охис“ ќе се одржи денеска во Владата.

На дебатата воведно обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на Владата.

Линданот од 2009 година е забранет за  производство. Станува збор за пестицид, кој порано се користел во земјоделството. Белиот прашок служел како инсектицид. Со неговото одвојување од другите соединенија се создала огромна количина токсичен отпад кој се депонирал  на отворено.