Претставниците на иницијативата „Не за гасовод на Водно“, кои се револтирани и сметаат дека активностите на Водно без конечна и јавна одлука се недозволиви, ги повикуваат граѓаните од денеска да им се придружат во одбраната на Водно.

Граѓанските иницијативи и здруженија се огласија на нивната фејсбук страна каде велат дека е време со жив штит да се брани Водно.

-Дојде време Водно да се брани на терен. Дојде време кога СИТЕ сме му потребни на ВОДНО. Друго нема. Владата одобрува градење, багерите ќе работат.

Ако сакаме да спречиме уште еден масакр и тоа најтежок до сега, после сите кули, патишта, градови на Водно и во име на “подобра иднина за сите”.

Секој, буквално секој, што може да дојде горе, колку и да е тоа кратко, дали пешки, дали со автобус до средно, па жичара до врв, а од таму до Седло каде се багерите, СИТЕ сме потребни ГОРЕ на ВОДНО!