Советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески, ќе биде новиот македонски амбасадор во НАТО, објавуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на извори во Владата.

Талески стана и национален координатор за НАТО, по изборот на Стево Пендаровски за претседател.

Владата ќе решава за овој предлог задутре, кога министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ги претстави кандидатите за амбасадори во повеќе земји, по постигнатиот договор со претседателот Стево Пендаровски.