Идејата за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје беше финасиската зона да не функционира на принцип на „оф-шор“. По тоа прашање немавме дилеми, како што немавме дилеми дека во никој случај зоната не смее да дозволи било што нелегално или компромитирачко, вклучувајќи било каква можност за перење на пари, тврди поранешниот премиер и екслидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во статус на неговиот профил на Фејсбук, како реакција на текстови објавени во некои медиуми.

Во изминатиот период во јавноста се појавија гласини дека Груевски е уапсен. Истите беа демантирани од страна на Министерството за правда во понеделникот.