Од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека најмалку изгубија Македонците, а напротив, се добија многу полојални заедници.

Груби нагласи дека употребата на албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор, на денешниот настан организиран од страна на Агенцијата за примена на јазикот, што се одржа по повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. На настанот беа врачени и сертификати на преведувачи на албански јазик кои работаат во државните институции.

Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека како Влада покажале оти посветено работат за создавање образование кое нуди можност секој ученик да учи на својот мајчин јазик и да дискутира за културата на другите коишто живеат блиску во неговата заедница.