Вицепремиерот и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по средбата со претставници на турската заедница, имаше средба и со претставници на ромската заедница во државата.

Разговорот помеѓу Груби и претставниците на ромската заедница бил фокусиран на важноста на пописот на населението со посебен акцент кај ромската заедница која мора да биде активирана за исполнување на оваа граѓанска обврска, додека пораката до нив ќе биде пренесена преку личности кои имаат влијание, информираат од кабинетот на Груби.

Тој заедно со соговорниците заклучиле дека поголемата свесност кај населението воопшто, но и од ромската заедница особено ќе доведе до поголем број на регистрирани лица, а од друга страна и самата држава ќе има појасна слика за состојбата на населението во земјата.

Груби им потенцирал на претставниците на ромската заедница дека ресорот што тој го води е достапен за сите заедници и дека има отворена врата и за други соработки.