Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се сретна со Русос Кундурос, новиот грчки амбасадор во земјава.

На оваа средба се дискутираше за унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека се веќе во фаза на реализација, имплементацијата на преспанскиот договор, политичките случувања во земјата и регионот, како и нашата европската интеграција.

Груби и Кундурос се согласија дека Република Северна Македонија и Грција, преку пријателството и унапредувањето на нејзиниот дух, континуирано ја промовираат стабилноста на целиот Западен Балкан од кога се потпиша преспанскиот договор.

Грчкиот амбасадор Русос ја изрази поддршката на Грција за прогресот на интеграција на Република Северна Македонија Европската Унија.

На оваа средба се дискутираше и за пописот на население, наредните локални избори и продлабочувањето на економската соработка, со посебен акцент на полето на енергетика, гасификација.

Груби ја нагласи потребата на спроведувањето на преспанскиот договор, како и подготвеноста на Скопје да го реши спорот со Република Бугарија без никакво одлагање.