Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод Денот на жената, оствари средба со претставничките на сите заедници кои живеат во Република Северна Македонија.

Груби се осврна на прашања поврзани од светот на жените, на нивните достигнувања, социјалните и политички прашања поврзани со еднаквите можности, но и на чекорите што треба да се преземат за да се надминат празнините што се уште постојат, информираат од неговиот кабинет.

– Гзиме Старова, Изета Бабачиќ, Аспазија Софијанова, Дрита Карахасан, Васка Мустафа Бајрамоска, Анета Пешева и Братислава Танасковиќ се успешни жени со својата професионалност во заедниците на кои припаѓаат, но сите заедно за целото наше општество – нагласил првиот вицепремиер.

Груби за време на средбата, меѓу другото, им кажал на присутните дека еманципацијата на жената започнува со еманципацијата на нејзиниот сопруг и дека не само денес, на 8 март, туку систематски и секој ден треба да се почитува напорот на жените.

На средбата сите заедно се согласиле дека е од особено значење да се запаметат делата на успешните жени со цел да се зајакне влијанието на жените во нашето општество а токму тоа е важноста на одбележувањето на 8 март.