Добитници на двете најголеми признанија кои по повод 28 август Денот на рударите  во РЕК „Битола“ ги добија Михајло Котевски, кој преку 40 години работеше во блок командата и Томислав Делев ракувач на котел.

Двајцата добитници со својата самопрегорна работа целиот работен век,кој го поминаа до пензионрањето во РЕК „Битола“ биле пример за младите „рековци“ како треба да се работи и однесуваат работниците во Комбинатот, кој е клучен столб не само за елекро енерегтскиот систем во државата, туку и целокупното стопанство.

Михајло Котевски  е од првиот ден на изградабата на РЕК „Битола“ во Комбинатот. Работеше во блок командата се до пензионирањето.      

– Тежок е  рударскиот леб. Иако јас цело време во блок командата, не во рудникот, сепак добро ми се познати маките на рударите, бидејки ние сме по природата на работата едни на други предодредени.

Признанието доста ме изненади но и израдува бидејки видов дека по пензионрањето не ме заборавиле и „отпишале“. Среќен сум што сега во РЕК “ Битола “ достојно ме заменува мојот син, кој е сменски инжениер – ни изјави Михајло Котевски.

Томислав Делев работи како ракувач на котел.

– Кога ми јавија да дојдам во РЕК „Битола“ не знаев дека ке ми дадат признание.Во РЕК „Битола“ , каде дојдов од „Авторемонт“ поминав  36 години. Почнав како помошен котлар, потоа ракувач на млинови, Пензија заминав со прекрасни сеќавања. Тој е  Комбинат каде што не знаеш секундата што носи. Заштитата на блоковите само 10 секунди. По тој период тој се исклучува од мрежата. Што можеш да направиш за само 10 секунди.

Јас котелот го знаев буквално како диши, вели Томислав Делев.