Пожар беснее над скопското село Страцинци на Скопска Црна Гора. Според информациите, огнот се шири брзо кон кумановското село Мојанце. Од Протипожарната бригада на Град Скопје соопштија дека гори нискостеблеста шума.

Како што се наведува, на терен се три возила со 10 пожарникари, a го гаснат и авиони. Зафатена е површина од три до четири километри.