Заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Република Македонија во НАТО, со што во Германија постапката за ратификација за пристапување на Македонија во НАТО е завршена.

Ова беше соопштено денеска од страна на Германската амбасада во Скопје.

Германскиот Буденстаг го ратификуваше пртоколот за члеснтво во НАТО на 6 јуни годинава.