Фото: Маја Јаневска-Илиева

Студентите од Филозофскиот факултет преку герила-акција пред Владата се изјаснија против реформите во образованието. Учесниците во акцијата носеа транспаренти со пораките „Историјата е мајка на знаењето“, „Но пасаран“ и „Јас не ја разбирам Мила“.

Историчарот Васко Гичевски упати поддршка за акцијата, наведувајќи дека таа покажува оти Македонија се уште има капацитет за сериозна и демократска дебата.

– Пред сѐ би сакал да истакнам дека особено ми е драго што помладите колеги студенти, решиле на вака креативен начин да го изразат својот револт. Тоа говори дека во нашата земја сѐ уштема капацитет за сериозна и демократска дебата. Од друга страна истото тоа значи дека дека сме изградиле доволно самосвесни кадри кои не се плашат јавно да го демонстираат своето мислење по прашања кои ги засегаат. Државите институции треба веќе да осознаат дека современоста не е време на догми и слепо следење на ставови. Од тука како историчар и како човек, кој се залага за квалитативни, а не за квантитативни промени во образованието ги повикувам да официјалните власти да се повлечат од своите позиции. Сите ние сакаме подобрен образовен систем! Секако, доколку тој е изработен врз база на сериозни истражувања и ги консултира сите засегнати страни, каде би биле опфатени сите, од родители до високите образовни институции. Образованието е премногу скапоцена работа за таа да се прави невешто, слепо и набрзина – истакна Гичевски.

Тој смета дека ригидните желби на МОН за брза реформа нема да доведат до квалитетно решение.

  Уверен сум дека доколку МОН ги искрши своите поставени рамки, и прво започне дебата, а дури потоа да се нафати со правење на Концепција, тогаш сите ние на драго срце би учествувале во конструктивна дебата, со своите професионално вештини. Ригидните желби на МОН за брза реформа, сметам дека нема да доведат до никаков квалитетен продукт, особено откако компетентните институции, сосема јасно ги согледаа фалинките на оваа реформа и изнесоа свои стручни согледувања. Сметам дека МОН согласно на демократските и цивилизациските принципи треба да отстапи од своите позици и да го послуша гласот на науката. Доколку продолжи со игнорирање, тогаш само ќе доживее посилен отпор и негативни поени во јавноста, а секако концепцијата нема да успешна, туку ќе се перцепира како насилно наметната желба на неколкумина врз мнозинството – категоричен е Гичевски. Д.Ст.