Во историската меморија на македонскиот народ, бугарскиот водач Георги Димитров останува запаметен со говорот кој го одржа во бугарското народно собрание по Втората светска војна. Во свеченото обраќање Димитров истакна: „Во интерес на процесот на зближување и идното обединување на македонските области од двете страни, нашата партија се согласи да се воведе како задолжителен предмет официјалниот македонски јазик во пиринскиот крај. И допушти како учители, македонски учители од Скопје, како и македонски библиотекари за да ја распространуваат литературата на македонски јазик. Тоа беше доказ дека нашата партија се однесува со најголема симпатија кон обединувањето на македонскиот народ.“

 

Георги Димитров

Но Георги Димитров не сопрел тука. Под неговото водство, Бугарија официјално го признава постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Во декември 1946 година се спроведува попис во Пиринска Македонија и на Македонците им се дозволува да се изјаснат и да се запишат како Македонци. Во текот на овој попис од вкупно 252.908 жители на Пиринска Македонија 160.541 лица се идентификуваа како етнички Македонци, а 9.000 лица како Македонци во останатиот дел на Бугарија.

Денешната бугарска историографија Димитровите ставови ги поврзува со резолуцијата на Коминетрната од 1934 година и напорите за создавање на Балканска Федерација. Но Георги Димитров произлегува од бугарска социјалистичка средина која секогаш на Македонија и Македонците гледаа со симпатии и давала подршка за решавање на македонското прашање во полза на Македонците. Постојат повеќе сведоштва за погледите на бугарските левичари  за Македонците.  

Наредба на Бугарското министерство за образование за одделно изучување на македонската од бугарската историја

На 10 август 1903 година, „Женски глас“ ја објави статијата „Македонското движење и женските благотворителни друштва Ек. Симитчиева“ во која било истакнато дека треба да „ги поканат сестрите од Србија, Романија, Црна Гора… Грција да ги помогнат и поткрепат востанатите – Македонец и Македонка.“  Понатаму се вели: „Кога ќе погледнеме на бледите страници од дејноста при најважните случувања, време е тие друштва при денешната очајна борба на Македонецот и Македонката да притекнат со својата помош, кога навистина или сега или никогаш, треба да се даде. Денешните случувања… посакуваат дела, сакаат дејност.“ (Женски Гласъ; орган на соф. жен. образователно дружество, Год. IV, София 10-й Августь 1903 год., Брой 24, 8.)

Статијата „Македонското движење и женските благотворителни друштва Ек. Симитчиева“

На 18 април 1903 година, во Софија била организирана манифестација за одбележување на празникот на трудот од страна на работниците – социјалисти. По завршувањето на манифестацијата, пред бројниот народ се обратил Јанко Саказов „со неколку симпатични зборови за каузата на Македонецот“. Саказов истакнал: „денес, кога меѓународниот пролетеријат го празнува под црвеното знаме својот голем ден, еден народ, угнетуван со векови, го развеал истото знаме на револуцијата – за најелементарни човечки правдини.“ Саказов предложил прифаќање на една резолуција од име на софиските работници за поддршка на боречкото население во Османлиската империја. Предлогот бил прифатен со акламација (Македоно-одрински куриеръ, Година I, София, 19 Априлъ 1903, Брой 7, 3.)

Говоорт на Јанко Саказов објавен во весникот „Македоно-одрински курир“

Во есента 1907 година, Павел Делирадев го објавил памфлетот „Македонското прашање и социјалдемократијата“ во кој пишува за девизата „Македонија за Македонците“ и „една мала македонска држава“. Во 1897 година, Делирадев и се приклучил на Бугарската работничка социјалдемократска партија. Соработувал со Георги Димитров и заедно со него во 1904 година го формирал општиот работнички синдикат.

Георги Димитров

Димитров е бугарски и советски политичар, водач на Бугарската комунистичка партија (БКП) и претседател на Коминтерната. Роден е во 1882 година во бугарското село Ковачевци во семејство на Македонци бегалци, но израснал во Софија.

Во 1923 година, Георги Димитров го предводеше Септемвриското востание.  Во 1933 година беше меѓу обвинетите во судскиот процес во Лајпциг организиран од нацистите. Неговиот конфликт со Херман Герминг во судницата е легендарен, кога нацистичкиот водач го изгуби трпението и беше исмеан од Димитров. Со своите енергични говори за време на судењето, тој се здоби со меѓународна слава, станувајќи една од најпопуларните фигури во светското комунистичко движење.

Димитров и Геринг во текот на во судскиот процес во Лајпциг

Димитров живее во Советскиот Сојуз од 1934 година, каде беше на чело на Коминтернта. Во текот на следната деценија, соработува со советскиот диктатор Јосиф Сталин и имаше централна улога во координирањето на светското комунистичко движење.  

Во 1945 година се враќа во Бугарија и застанува на чело на државата.