Од денес, во тридневна официјална посета на Република Македонија ќе претстојува висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од Началникот на генералштабот на ВС на Република Хрватска, генерал Мирко Шундов.

Генералот Шундов, утре (29 август 2019 година) во министерството за одбрана и генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во текот на денот, генералот Шундов ќе биде примен и од Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Согласно агендата и протоколот, посетата на генералот Шундов  на ден 29.08.2019 година ќе се одвива по следното:  

 – 09.15 часот – свечена церемонија со почести за дочек на платото пред МО и ГШ (фото и видео инсерти);  

 – 09.20 часот – средба со НГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски (фото и видео инсерти); 

 –  09.45 часот – средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска (фото и видео инсерти);

10.05 часот – работен состанок со дел од клучниот персонал во ГШ на Армијата (фото и видео инсерти).