В недела на 28 октомври во 3:00 часот изутрина завршува летното сметање на времето и започнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.

-Часот кој поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.