Врховниот суд на Македонија, преку соопштение ги потврди информациите дека на осомничените во истрагата „Имерпија“ на СЈО, Ј.К., Ц.П. и Н.Ј. им е укината мерката притвор. 

– Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат во јавноста под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 04 март 2019 година, донесе решенија по предметите заведени под Вкж1.бр.13/2019, Вкж1.бр.14/2019 и Вкж1.бр.15/2019, со кои ги уважи жалбите на обвинетите Ј.К., Ц.П. и Н.Ј., решенијата на Апелациониот суд Скопје ги преиначи на начин што ги укина мерките куќен притвор и ги пушти обвинетите да се бранат од слобода веднаш по приемот на решенијата – стои на веб страната на Врховниот суд.