Врховниот суд, односно Советот за одлучување по жалби одбил шест жалби поднесени од судиите кои годинава беа разрешени од Судскиот совет, откри претседателката на Врховен, Беса Адеми, во интервју за МИА.

Врховниот суд ги одбил жалбите поднесени од страна на судијата на Управен суд, Мустафа Шахини, судијката на Основен суд Охрид, Весна Кичеец, судијката на Основниот кривичен суд Скопје, Татјана Михајлова, судијката на Апелациониот суд Скопје, сега во пензија, Виолета Дума, судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова и на судијката на Основниот кривичен суд Скопје, Софија Лаличиќ. Покрај горенаведените, во тек е постапка за уште еден судија.