Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови и проследени со засилен јужен ветер особено во Повардарието. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и засилување на ветерот. Попладне врнежите ќе завршат. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.