Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.

До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со максимални температури од 30 до 39 степени. Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата за 7 до 9 степени.