Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава. Ќе дува слаб ветер од јужените правци. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13 а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната до 27 степени.

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.