Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 15 и 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 21 до 38 степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.