Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од 13 до 17 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Утре ќе се задржи стабилно, сончево со умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат околу нула, а во првите два дена од следната седмица поради зголемена облачност насекаде ќе бидат позитивни. Во понеделник во западните делови ќе има услови за слаб дожд.