Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од попладневните часови на запад ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од минус 6 до 0 степени, а дневните од 4 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени Целзиусови.
До недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои пообилни ќе бидат во сабота кога на места ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен.
-На планините, врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места – информираат од УХМР.