Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Пообилни врнежи ќе има во јужните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени, информира УХМР.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.