Времето денеска е сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.