Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачост. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До средината на следнава седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за неколку степени.