Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, некаде над 20 литри на метар квадратен.

Врнежите на планините ќе бидат од снег, а кон крајот на денот на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. На југозапад ќе има услови за појава на ретки грмежи. Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од вчерашните. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно со слаб до умерен дожд и со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.