Во Струмица од вчера на сила се препораките и мерките против загадувањето, бидејќи во претходните два дена е надминат прагот на алармирање на ПМ 10 честичките од 200 микрограми на метар кубен.

Воздухот е загаден и во Скопје. Ноќеска се забележани концентрации на ПМ 10 честичките од приближно 400 микрограми. Во Центар во текот на ноќта од 22 часот концентрациите биле над 300 достигнувајќи до 398 во 22 часот и 356 во 23 часот. Потоа почнуваат да опаѓаат, а утрово во 08:00 часот се измерени 51 микрограми.

Високи концентрации со над 300 микгрограми во текот на ноќта се забележани и на мерната станица кај Ректорат од над 200 микрограми во 16 часот, додека во 23 часот достигнале 375 микрограми на метар кубен, а последното мерење покажува 81 микрограм.

На мерната станица Бутел највисоката концентрација се 233 микрограми, а утрово се 71 микрограми на метар кубен.

Во Карпош се регистрирани концентрации од 136 до 187 микрограми на метар кубен.

За да се активираат мерките во Скопје треба да се регистрираат во два последователни денови среднодневни концентрации над 188 микрограми на две мерни места.

Вчера среднодневните концентрации во Скоје се движеле од 152 во Центар, 170 во Карпош, кај Ректорат 191, Миладиновци 156 и во Бутел 125. Денеска среднодневните концентрации во Скопје се движат од 193 микрограми, Карпош 127, кај Ректорат 211, Миладиновци 130, Бутел 125 микрограми.

Меѓу мерките што се препорачуваат  кога ќе се надмине прагот на алармирање, а кои денеска се на сила во Струмица се ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Организирање на работното време на отворено од 11 до 17 часот…