Во Општина Пласница за предвремените парламентарни избори, 68 лица ќе гласаат во домашни услови, додека во оваа општина нема пријавено лице со ковид-19, карантин или самоизолација.

–  Во нашата општина каде на единствениот избирачки список се запишани  вкупно 5045 граѓани, своето избирачко право ќе можат да го остварат на 9 избирачки места, додека за гласање во домашни услови имавме доставено барања од 70 граѓани. По нивното разгледување прифатени се 68 барања, од кои 55 лица се со решение за нега од друго лице, додека останатите имаат приложена соодветна медицинска  документација. За домашно гласање имаме пријавено граѓани во 8 од 9-те избирачки места. Што се однесеува до ковид-19, во нашата општина не е пријавено ниту едно лице и, затоа немавме потреба да формираме избирачки одбор составен од здраствени работници. Лицата кои ќе гласаат во домашни услови, од страна на избирачките одбори ќе бидат посетени  во вторник  14 јули – рече Анел Мехмед, претседател на ОИК за Пласница.