Споменикот „Ослободители на Скопје“

На територијата на Македонија има повеќе спомен-обележја посветени на народноослободителната борба на Македонскиот народ во периодот 1941-1945 година. Во овие спомен-облежја може да се набројат меморијалните комплекси, спомениците на НОБ, како и спомениците посветени на народните херои и истакнатите дејци во борбата за создавање на македонската држава. Меѓу нив е и Споменикот „Ослободители на Скопје“ кој се наоѓа пред македонската влада.

Споменикот „Ослободители на Скопје“

Споменикот е посветен на македонските војници и партизани кои на 13 ноември 1944 година го ослободија Скопје, идната македонска престолнина, од германските и албанските вооружени сили. Споменикот беше свечено поставен во 1955 година, а негов автор е вајарот Иван Мирковиќ.

Споменикот се состои од седум брозени скулптури кои се поставени во борбена положба. Меѓу нив се борецот кој се наоѓа на чело и со пушка во рака ги охрабрува борците на јуриш, жена во одлучен став со пушка во раце, вооружено дете, борец кој придржува ранет партизан, а со другата фрла бомба, борец во умирање кој со своите последни сили го држи знамето и младинец кој извлегува оружје од појасот и се спрема за напад.

Спомен-облежјата како симбол на македонската борба за слобода и држава

Спомен-обележјата имаат извонредно значање бидејќи се симбол и вечен потсетник на македонската борба за слобода, човекови правдини и сопствена држава како чувар на македонските национални обележја – јазик, култура, историја итн., во текот на Втората светска војна.

Могила на непобедените во Прилеп

Меѓу нив особено значење има Могилата на непобедените во Прилеп. Таа се наоѓа во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп и беше  создадена во 1961 година од страна Богдан Богдановиќ. Могилата е посветена на сите загинати борци во текот на народнооослободителната борба на Македонците.

Осoбено значење има и Спомен костурницата во Кавадарци во која се сместени остатоци на загинатите борци од Кавадарци и жртвите на фашизмот. Во нејзината внатрешност се испишани имињата на загинатите борци и жртвите. Костурницата беше свечено претставена пред јавноста на 7 септември 1977 година, а нејзин творец беше професорот Петар Муличиковски.

Спомен костурницата во Кавадарци

Меѓу спомен-облежја има бројни спомениците кои се посветени на народните херои и истакнатите дејци кои учествуваа во НОБ. Особено значење има споменикот посветен на истакнатиот македонски деец Панко Брашнаров кој го отвори Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Св. „Прохор Пчински“ со зборовите: „Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден – Илинден -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.“

Неговиот споменик се наоѓа во Велес, а негов автор е Петар Хаџибошков.

Споменикот на Панко Брашнаров во Велес