Денеска на Спомен костурницата во Куманово со изведба на државната химна, положување на свежо цвеќе и пригодна програма беже одбележан 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

На свеченоста присуствуваа и свежо цвеќе на Спомен костурницата положија делегации на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, на парламентот, на општината Куманово, на Министерството за народна одбрана и Генерал штабот на АРМ, на дипломатскиот кор од државата, на НАТО, на Сојузот на борците, на политичките партии, на основните и на средните училишта од градот, на многу граѓански здруженија, како и многу граѓани од градот Куманово и од околните градови и општини.
На свеченоста пред присутните граѓани за бенефитите и придобивките од НОБ и од народното востание говореа премиерот Зоран Заеви и градоначалникот на општината Куманово, Максим Димитриевски, кои во своите говори меѓу другото истакнаа и потенцираа дека благодарение на народното востание од далечната 1941 година ние по Втората светска војна ги удривме темелите на нашата држава и дека сите ние поради тоа на овој ден секоја година треба да се потсетиме и да им оддадеме почит на сите паднати борци кои ги положија своите животи за денешната слобода. Но секако ние денес не треба да заборавиме да ги задржиме младите луѓе во државата како и на нашите најважни денешни стратешки а тоа се официјалното влегување на држвата во воениот сојуз на НАТО како и почетокот на преговорите за влегување во членството на ЕУ.
По завршување на официјалниот дел и пригодната програма од прославата, општинската организација на СДСМ од Куманово за сите присутни граѓани организираше пикник-забава и дружење.
Т.Д.