Фото: Игор Бансколиев

Папата Франциск, секој момент се очекува да пристигне на Аеродромот Скопје каде што ќе биде  пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

Од таму ќе се упати во претседателската Вила Водно, каде ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор. Папата потоа ќе има средба и со верските лидери во Спoмен куќата на Мајка Тереза.

Фото: Игор Бансколиев

На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија.

Фото: Игор Бансколиев

По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.