Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ – изјави пред Исламската верска заедница (ИВЗ) Мухарер, директорот на агенција за халал сертификати и претставник на ИВЗ.

Попладнево таму се одржуваше состанок за смена на поглаварот Сулејман Реџепи, на чие место треба да седне Скендер Бузаку, а за тоа дека ситуацијата била тензична сведочеше и зголеменото полициско присуство.

Бузаку тврди дека за ваквата смена постои и судска одлука и дека законот треба да се почитува.

Меѓутоа, според Весели, против правилата за работа на верските заедници е државните органи и политиката да се мешаат во верски работи.

– Се споменува и името на министерот за внатрешни работи и жал ми што овие работи не може да се решат без мешање на власта – порача тој.

Весели истакна дека во тек е седница на реисите на која, како што кажа, ќе биде донесена одлука во врска со целата ситуација.

– Моментално се одржува седница на реисите во Кондово, за одлуките ќе бидете информирани – додаде тој и порача дека седиштето на ИВЗ е контролирано и дека таму не се случува никаков упад, како што претходно се шпекулираше.