Во својата најнова анализа академик Коцарев се осврнува на империјализмот правејќи паралели и со приликите и политиките во Македонија. Според претседателот на МАНУ македонските лидери, за жал, последниве години безрезервно се потпирале на соништа, посебно сонот кон ЕУ, што довело до тоа Македонија да стане марионета на големите империи, коишто ја определуваат нејзината судбина. Историјата не учи дека империите се раѓаат и пропаѓаат и Македонија треба да има принципиелен став кон големите империи. На Македонија не ѝ е потребна ЕУ по секоја цена, туку реформи, што ќе донесат стабилно општество со европски вредности, порачува академик Коцарев.