Денот на независноста – „8 септември“ во Битола беше одбележан со полагање насвежи цвеќиња пред споменикот на борците од НОВ  и Револуцијата на плоштадот Гоце Делчев.

-Денес е голем празник, голем ден, празникот на нашата независност. Независноста не е обичен збор, за независноста се бореле плејада генерации, а некои од нив го дале најсветото. И токму затоа што не е обичен збор, независноста, би сакала да посочам дека е нешто, со кое треба да живееме. Независноста на нашата мисла, независноста на нашето делување, независноста на нашата визија, независноста во она што можеме да го направиме во нашето секојдневие, како допринос на она што значи надоградување на вредностите, кои што можеме да ги дадеме во општеството. И тоа е наша должност. Независно дали сте градоначалник, дали сте доктор, дали сте професор, дали сте општ работник, затоа што таа е нешто што треба да биде вградена во сечија мисла и е нешто кое што треба да биде наше секојдневие. Само така можеме да одиме напред и само така можеме да оддадеме вистинска почит на сите оние кои што живееле и твореле пред нас, но и да дадеме шанса на сите оние млади генерации кои што доаѓаат после нас. – рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

М.М