Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Албанија.

Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора, во Косово, во Србија и во Македонија.

Епицентарот на земјотресот бил северно од Драч, на длабочина од 10 километри.