Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат да изберат отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра. Доколку работеле 25 години, тоа се 25.000 евра за нов почеток – рече министерката.

Таа се заблагодари на Синдикатот на одбраната за заедничкото решавање на прашањето на уште една категорија војници во Армијата.