Сообраќајот на патот Дебар-Маврово во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, се одвива наизменично по една коловозна лента.

Претходно денеска сообраќајот беше целосно во прекин поради појава на дупка со длабочина од 10 метри на патот.

Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот.