Фото: Игор Бансколиев

Возачот на автобусот на Дурмо турс, кој изгуби контрола и се преврте во бездна, поминал со полесни телесни повреди, а како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, тој е пуштен на домашно лекување.

Премиерот Заев при посетата на повредените во ГОБ 8 Септември рече дека истрагата сѐ уште трае, а вчера се направени разговори со возачот, кој цело време бил во свесна состојба.

Се очекуваат резултати и од вештачењето на техничката исправност на автобусот.

На автопатот Скопје – Тетово од изутринава се врши увид на местото на синоќешната сообраќајна несреќа во која живото го загубија 14 лица. Поради увидот во прекин е и сообраќајот на овој патен правец од 10:30 часот.